Македонија

Вкупно 33-ца завршија во болница по вчерашното невреме, за среќа нема загинати

Неколкумина со тешки повреди, сите се стабилни

Во вчерашното силно невреме во Скопје вкупно 33 лица, од кои неколкумина со потешки повреди, биле примени во болничките установи, соопшти Министерството за здравство.

Во Клиничката болница „Св. Наум Охридски“ помош побарале 22 повредени, од кои двајца се задржани на болничко лекување. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) примени се 11 лица, од кои тројца со скршеници.

Сите повредени се во стабилна состојба, уверуваат здравствените власти.

Од невремето е оштетена и старата конструкција на покривот на болницата „8 Септември“ во Скопје, но тоа не предизвикало прекин во работата на установата. Значителна штета е причинета и на покривот на Клиничката болница во Штип, каде се погодени Одделот за ортопедија и ортопедската сала. Поради тоа, дел од пациентите беа привремено преместени на други одделенија.

До санирањето на штетата, пациентите со скршеници од Источниот регион привремено се упатуваат кон други здравствени центри за да добијат соодветен третман без одлагање.

Во дворовите на повеќето болници има паднати дрвја, а осигурителните компании веќе ја прават проценката на штетата, по што веднаш ќе се пристапи кон обнова на кровните конструкции за да се обезбеди непречено функционирање на болниците, соопштија од Министерството за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Samsung Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8 и Flip8: Уреди на преклоп, усовршени за секојдневниот начин на живот

Целосно новата Galaxy Z серија отвора ново поглавје во светот на преклопливите уреди со три различни искуства дизајнирани за ултра-продуктивност, импресивно откривање и самоизразување

Проблем со водата и во Валандово, препорачано е да не се пие: арсен има до 14, а максималната граница е 10!

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно со добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.

Мицкоски: До крајот на летото избор на локација за новиот клинички центар, во оптек и алтернативна блиска локација

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде завршен изборот на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција.

Трети ден по ред се стабилизира состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица што првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис – покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.

Мицкоски: Целосно е реновирана Трауматологија во старата градска болница, здравството ќе биде еден од врвните приоритети на Владата!

Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за травматологија во старата Градска болница, а во периодот кој следи ќе имаме уште многу вакви проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на реконструираното одделение во Градска болница.

To top