Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Андреевски истакна дека Ревизискиот Извештај со кој на виделина испливаа еден куп сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на Центарци. Сомнежи кои допрва треба да се најдат пред Обвинителството за организиран криминал и корупција. Извештај кој само го навести крајот на децениското недомаќинско работење на СДСМ во Центар.

Сите овие забелешки се преземени од ДЗР: Паркинзи на општина Центар отпишале, односно не наплатиле преку три милиони денари долгови. Поради неодговорност или намерно, оставиле да застарат. Не биле преземени соодветни мерки за присилна наплата, што фрла сомнеж дека ова биле долгови од луѓе и фирми блиски до Венко Филипче и Зоран Заев.

Извештајот фрла и сериозен сомнеж на затајување даноци, односно штета на државниот буџет од 247 илјади денари, пари на граѓаните, потенцира во објавата Андреевски.

„Од ДЗР откриле и неправилности во 27 постапки за јавни набавки во вредност од 46 милиони денари. Откриле несоодветни и ограничувачки услови за тендери, поставени само за да се фаворизира одреден изведувач.

Неправилно водење попис на кеш пари и немање единица за внатрешна ревизија, веројатно за да не се знае што се прават со парите на центарци“, наведува во објавата на својот фејсбук профил Горан Андреевски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Втори месец по ред опаѓа довербата и се зголемува недовербата на Бугарите во владата и премиерот Радев

Само неколку месеци по формирањето довербата во бугарската влада паѓа, а паѓа и довербата во премиерот Румен Радев. Ова е веќе втор месец по ред. Вакви резултати покажува анкетата на агенцијата „Маркет линкс# спроведена за радиодифузерот бТВ на 1.002 граѓани во периодот од 11 до 19 јули.

To top