Македонија

Бактериолошка неисправност потврдена во водата во Крушево

Препораките важат до три исправни примероци

Јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево, повикувајќи се на информациите од Центарот за јавно здравје – Прилеп, соопшти дека водата во Крушево е бактериолошки неисправна. На жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода.

„Исто така, при испитувањето на крајпатните чешми „Бензинска пумпа“ и „Св. Петка“, земени на 20 јули, е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење“, нагласуваат од претпријатието.

Според „Комуна“, водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само по претходно превривање од најмалку 10 минути.

„Исто така, информираме дека се врши редовно хлорирање на водата и секојдневно се врши контрола на присуството на хлор. Препораките важат сè до добивањето на три последователни исправни примероци од водата“, посочуваат од претпријатието.

Од таму додаваат дека Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе остане во постојана комуникација со надлежните институции и навремено ќе ги информира жителите на Крушево за актуелната состојба.

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top