Македонија

Пратениците одлучуваат за уште еден министер во Владата

Откако премиерот Христијан Мицкоски  до претседателот на Собранието го доставил предлогот за избор на Зулфиќар Зејнула за министер без ресор, денеска пратениците ќе одлучуваат 

 

Зулфиќар Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ). На почетокот на јули годинава тој потпиша договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Двајцата оценија дека партнерството е значаен чекор кон зацврстување на политичката стабилност и усогласување на програмските определби на Владата.

Со изборот на Зулфиќар Зејнула за министер без ресор ќе се заокружи владината реконструкција, во рамки на која претходно овој месец Собранието избра осум нови министри

Со предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, до пратениците доставена е и неговата биографија.

Тој е дипломиран криминолог, а освен мајчиниот турски, има познавања и од македонски, албански, германски и српски јазик. Во делот на работното искуство, наведено е дека тој во периодот од 2021 до 2024 година бил заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Претходно, од 2018 до 2021 година, бил советник во Општина Гостивар, а од 2017 до 2021 паралелно работел во правниот сектор во Демократската партија на Турците на Македонија. Од 2010 до 2012 година работел во „Хабиб транс“.

Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top