Македонија

ДУИ: „Страшно слабата“ ВРЕДИ во Владата е аларм за секој Албанец

Застапеноста (на Алнанците н.з.) се намалува, албанскиот јазик се исклучува, институциите се затвораат за Албанците и секое достигнување изградено низ годините се доведува во прашање, велат од партијата на Али Ахмети

 

ДУИ вели дека јавното признание од страна на претставниците на ВРЕДИ дека се „страшно слаби“ во Владата не е изговор, туку доказ за целосен политички неуспех, пренесува порталот „Телеграфи“.

Според нив, во време кога регионот оди напред, Македонија станува сè поизолирана, додека политичката и институционалната позиција на Албанците се деградира секој ден.

„Застапеноста (на Алнанците н.з.) се намалува, албанскиот јазик се исклучува, институциите се затвораат за Албанците и секое достигнување изградено низ годините се доведува во прашање. ВРЕДИ не може да се потпре силата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да прашаат: ако сте толку слаби, зошто продолжувате да останувате во Владата и кому му служи вашето учество?“ – велт интегративците.

„Во исто време, јавното мислење бара сериозни одговори на сè почестите обвинувања за концентрација на економско влијание, тендери и бизнис интереси околу блискиот семеен и политички круг на Изет Меџити во Скопје и пошироко. Овие сомневања мора да добијат транспарентни и институционални одговори. Оваа комбинација од политичка слабост, деградација на положбата на Албанците и сомневања за приватни бенефиции е аларм што треба да го мобилизира секој граѓанин“, велат од ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка, не е одредено кога треба да стапат во сила уставните измени

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е дециден дека протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамка, а во разговорите со сите три страни од македонската страна се пренесени ставовите за прашањата поврзани со ризиците од билатерализација на евроинтеграциите.

„Вечна слава, претседателе, идеалите твои се заклетви мои“ – Јане Ченто на гробот на прадедото Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Македонија

По повод 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Јане Ченто објави порака во негова чест, оддавајќи му почит за неговата улога во македонската историја. „Вечна слава, претседателе, твоите идеали се мои заклетви“, напиша тој. На 24 јули 1957 година во Прилеп почина Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.

Методија Андонов Ченто, 69 години од смртта: Верував во сѐ, но не верував дека Македонците ќе ме судат за Македонија!

„Македонија е создадена од крвта на сопствениот народ и никако поинаку и затоа Македонија е само на Македонците.“. „Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик.“ Ова се дел од поважните изјави, кои ги имал дадено во текот на својот бурен живот Методија Андонов – Ченто, знаменит деец за македонската национална кауза, државник-политичар и претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради оваа функција тој се именува и како прв претседател на Македонија. Тој е симбол на борбата за македонската држава, но и на неправдата на нејзините повоени власти против него и неговите идеи за македонството. Денес се навршуваат 69 години од смртта на Методија Андонов – Ченто.

Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор

Истовремено, пратеникот од Демократската партија на Турците (ДПТ) Бејџан Иљас, кој дојде од листата на Европскиот фронт предводен од ДУИ, се приклучи на владејачкото мнозинство. Со неговото приклучување, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 59 пратеници без пратениците од коалициските партнери во власта – ВРЕДИ и ЗНАМ.

Најнови вести

To top