Хроника

М.Д.(32) од Кавадарци измамил кумановка (50) за 9 илјади евра, ветувајќи ѝ „посредување за странски пасош

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово вчера на Градски плоштад во Кавадарци го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра.

Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и се уште продолжил со побарувањата. По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2.000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко – технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци, информира МВР.

Измамникот бил задржан во полициска станица, а потоа и изведен пред јавен обвинител, каде што го признал делото.

По документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „измама“ согласно со Кривичниот законик.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top