Хроника

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 јули биле лишени од слобода 35-годишниот Ѓ.З. и 29-годишниот А.Ј., двајцата од Битола, поради сомнение дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на улицата „Север-југ“. При претрес во објектот што го користеле осомничените, полицијата пронашла околу 30 штеки цигари за кои постои сомнение дека биле одземени од маркетот.

При дополнителните проверки било утврдено дека Ѓ.З. бил баран со потерница поради бегство од прилепскиот затвор, каде што издржувал казна затвор во траење од осум месеци. По приведувањето, тој бил спроведен назад во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против двајцата осомничени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Најнови вести од: Хроника

Пронајдени повеќе од два килограма марихуана во домот на Б.Н.(25) од скопско Арачиново – уапсен е

Вчера, на 24.07.2026 година полицајци од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по наредба на Основниот кривичен суд Скопје извршиле претрес во домот и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

М.Д.(32) од Кавадарци измамил кумановка (50) за 9 илјади евра, ветувајќи ѝ „посредување за странски пасош

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово вчера на Градски плоштад во Кавадарци го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра.

Гевгелискиот суд пресуди 18 години затвор за дојранецот, кој го претепа до смрт својот пријател

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност.

По невремето во скопски Карпош покрај повредената жена (86) пронајдена и експлозивна направа!

МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Најнови вести

To top