Хроника

Киднапирале девојка, нападнале полицајци и истепале цело семејство пред да бидат уапсени

Хаос во Струмица: Насилници претепале цело семејство и нападнале полицајци, сакале да грабнат девојка – МВР со детали

Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против Б.Д.(22), Т.Ј.(49), С.Д.(47), В.М.(36), Г.Т.(42) и М.Т.(21), сите од село Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, против Т.Ј. и Г.Т. поради сомнение дека сториле и кривично дело „противправно лишување од слобода“, против Б.Д. поради постоење на сомневање дека сторил и кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавените, на 24.07.2026 околу 21:20 часот насилно влегле во домот на К.Ѓ. во село Сарај, струмичко и физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, при што им нанеле повреди на телото, а во еден момент Т.Ј. и Г.Т. се обиделе против нејзина волја да ја земат Р.Ѓ. со нив. Б.Д., исто така агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои презеле службени дејствија за расчистување на случајот, при што физички нападнал и двајца од нив.

Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

За време на настанот К.Ѓ. излегол на терасата од куќата и со ловечка пушка испукал два куршуми во воздух, па по документирање и на овој настан против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Најнови вести од: Хроника

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Пронајдени повеќе од два килограма марихуана во домот на Б.Н.(25) од скопско Арачиново – уапсен е

Вчера, на 24.07.2026 година полицајци од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по наредба на Основниот кривичен суд Скопје извршиле претрес во домот и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

М.Д.(32) од Кавадарци измамил кумановка (50) за 9 илјади евра, ветувајќи ѝ „посредување за странски пасош

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово вчера на Градски плоштад во Кавадарци го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра.

Гевгелискиот суд пресуди 18 години затвор за дојранецот, кој го претепа до смрт својот пријател

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност.

To top