Регион

За обид за убиство, уапсен 19-годишник од Македонија во Црна Гора

А.Т. е осомничен дека се обидел да го елиминира 56-годишниот Марко Љубиша-Кан, кој се смета за член на „Шкаљарски клан“ на балканскиот нарко картел, на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.

 

Црногорската полиција го уапси државјанинот на Република Македонија, А.Т.во Никшиќ, кој се бараше за обидот за убиство на Марко Љубиша, познат како „Кан“, објавија црногорските медиуми, повикувајќи се на повеќе извори од Управата за полиција на Црна Гора.

Според информациите, тој бил уапсен во таен стан во Никшиќ, а со него е уапсен и 34-годишниот Н.М. од Никшиќ, кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот да се скрие од органите за спроведување на законот по извршувањето на кривичното дело.

Како што објави полицијата, 19-годишниот А.Т. е осомничен дека се обидел да го елиминира 56-годишниот Марко Љубиша-Кан, кој се смета за член на „Шкаљарски клан“ на балканскиот нарко картел, на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.

„По А.Т. е издадена меѓународна потерница за кривично дело обид за убиство, кој испукал два куршума кон жртвата со огнено оружје, при што на М.Л. му нанел телесни повреди во главата.

Осомничениот се товари и за кривичните дела нелегално поседување оружје и фалсификување исправа. Според сомневањата, А.Т., при планирањето на нападот, користел лажна лична карта, со иницијали Ј.Г. од Република Србија, со која бил регистриран во хотелски објект во близина на нападот“, се вели во соопштението на црногорската полиција./Телеграф/

Најнови вести од: Регион

„Н.М.“: Европејците сè повеќе се сомневаат во иднината на ЕУ, немаат доверба во европскиот проект!

Анкета спроведена во шест европски држави и членки на ЕУ истакнува криза на довербата во европскиот блок и пад на таа доверба кај мнозинството од испитаниците. Дури 74 отсто од европските граѓани веруваат дека Европа се мачи, за да се справи со предизвиците со кои се соочува, при што нејзината бавност и бирократија честопати се сметаат виновни за таквата состојба. За 56 отсто од испитаните граѓани, иднината на ЕУ е „во опасност“. Ова се констатира во анализата со наслов „ Европејците сè повеќе се сомневаат во иднината на ЕУ“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Ново проширување на ЕУ со вградена „рачна сопирачка“: новите членки на ЕУ привремено без право на вето!

Новите членки на Европската Унија по приемот треба да се откажат од правото на вето на одлуките што во Унијата се носат со консензус, а постои и можност да им бидат ускратени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозуваат интересите на Унијата, пишува берлинскиот портал „Table.media“, повикувајќи се на предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ во кој имал увид.

Спектакуларно бегство на опасен затвореник во Грција: соучесниците, маскирани како полициски специјалци, ги разоружале чуварите

Во северна Грција е во тек голема полициска потрага по 41-годишен затвореник од албанско потекло, кој изведе спектакуларно бегство. Настанот се случи во петокот навечер (11 септември 2026 година) околу 23:30 часот, јавуваат грчките медиуми. Иако затвореникот издржувал казна во затворот Нигрита кај Серес,  бегството се случило во Општата болница во Серес.

To top