Од информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
поради летната туристичка сезона, и претстовнијот триддневе викенд ,зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин Богородица во правец на излез од државата, како и на граничниот премин Табановце за влез во земјата.
И покрај засилениот сообраќај, од македонска страна на граничните премини засега нема поголеми задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата, известија од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму апелираат возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и навреме да се информираат за состојбата на патиштата и граничните премини.