Македонија

Средба меѓу ривалите за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Разговарале за периодот кој следува

Денеска во Скопје дошло до средба меѓу ривалите за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во коректна атмосфера според објавите, кандидатката на СДСМ Маја Мојсова и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски разговарале иднината на општината Карпош која долги години ја водеше Стевчо Јакимовски.

,,Како човек кој во животот секојпат се води од достоинствено и чесно однесување, така и како кандидатка за градоначалник на општина Карпош, јавно се обврзувам на фер, коректна и достоинствена политичка трка со сите чинители на Локалните избори.

Денес имав можност да се сретнам со мојот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и заеднички да поразговараме за периодот кој ни следува”, објави Мојсова која ги користи хаштазите:

#КарпошЗаСите #ФерЛокалниИзбори2025 #ОдговорнаПолитика

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top