Македонија

Чита ли Филипче што му коментираат граѓаните на неговите видеа?

Човек да се замисли дали по вакви пораки кои се постојани воопшто треба да се занимава со политика, но Филипче не се повлекува

Лидерот на СДСМ Венко Филипче се соочува со сериозен пробл3м на совојалните мрежи каде секое негово обраќање се соочува со остри критики кои некогаш се на работ на говор на омраза.

Филипче вчера порача дека сеќавањето на Илинден има вредност само ако градиме подобра иднина.

,,Илинденците се бореа за слобода и против тиранијата од своето време, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата. Да го продолжиме патот на илинденците, да ја продолжиме борбата за достоинствен живот, за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За европска Македонија! За многу години Илинден!
Да живее Македонија! 🇲🇰”, на што доби огромен број критики за повеќе теми.

Меѓу малкуте позитивни коментари се најде оваа која е поставена од член на СДСМ:

Да живее Македонија на чело со СДСМ

Останатите од кои објавуваме неколку се прилично лоши:

ПОСЛЕ СЕ ШТО НАПРАВИ ИМАШ ОБРАЗ ДА СЕ ПОЈАВИШ ВО ЈАВНОСТА. РЕЗИЛ НЕВИДЕН

А зошто со бугарите или грците не си тераш одмор. Не е Илинден за секого!

НАЈГОЛЕМ РЕЗИЛ СИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАРЕМ ТОЛКУ НЕ ОСЕЌАШ ДЕКА И ТВОИТЕ НЕ ТЕ САКААТ ТОЛКУ ИМАШ УМ

Ја уништивте и погребавте Македонија бе северџгани гадни

Сите коментари во видеото

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Сѐ уште има опасна бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

„Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

ВМРО ДПМНЕ: СДС нудат нови идентитетски отстапки и национални предавства, за да бидат донесени на власт од странски агентури, како некогаш Заев!

„СДС на чело со Венко Филипче се препозна самиот дека е талогот кој, како сидро го влече народот во нихилизам (убедување дека нештата немаат никаква цел ниту значење – ред.заб.) и убивање на надежта. Се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства, само за да бидат донесени на власт од странски агентури“ – ги обвинува ВМРО ДПМНЕ лидерот Венко Филипче и неговите сопартијци.

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

„Газдарицата“ на „Камените кукли“ С.Д. (41) од Кратово физички нападнала вчера повеќе посетители на јавната археолошка месност!

Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители.

Муцунски: Работиме на трајно решение за деблокада на евроинтеграциите, но не по секоја цена!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во интервју за Македонската информативна агенција – МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира европскиот пат на Македонија, но не откривајќи повеќе детали.

To top