Македонија

Ако сака во ЕУ, Македонија мора да ја добие поддршката од бугарските граѓани, вели Вигенин

Можеме да го решиме овој проблем заедно ако ги исполнат своите обврски, порача бугарскиот европратеник на БНТ

„Ако Република Северна Македонија сака да биде членка на Европската Унија, не е доволно нејзините претставници да ги обиколуваат европските престолнини и да бараат патишта во Европскиот парламент. Тие мора да ја добијат поддршката од бугарските граѓани и не треба да го потценуваат ова прашање“, изјави бугарскиот европратеник од групата на Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи, Кристијан Вигенин, во подкастот „#Balkans“ на Бугарската национална телевизија (БНТ).

Според него, резултатите од анкетата што ја нарачал тој од социолошката агенција „Мјара“ покажуваат дека бугарските граѓани во принцип го поддржуваат проширувањето на ЕУ, но нивниот став кон поединечните земји-кандидати е различен. Преовладуваат позитивни ставови, со исклучок на Македонија и особено Украина, кон која ставот е понегативен.

Вигенин истакна дека во последните години односите меѓу Бугарија и Македонија не се смириле и нормализирале, туку се развиле во спротивна насока. Според него, Скопјe треба да се потруди да го промени начинот на кој земјата се перцепира во Бугарија.

„Нивната главна задача отсега па натаму треба да биде да создадат поинаква и попозитивна слика за нивната земја тука во Бугарија. Можеме да го решиме овој проблем заедно ако ги исполнат своите обврски“, нагласи европратеникот.

Тој истакна дека ставот на бугарските граѓани кон проширувањето е понијансиран и покажува зрелост. Според неговите зборови, тие прават разлика помеѓу нивниот општ став кон дадена соседна земја и нивната проценка дали е подготвена за членство во ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top