Голем пожар избувна во скопската населба Волково денеска околу пладне, во кој пламените јазици зафатија и целосно изгореа една куќа, а при гаснењето еден пожарникар доби изгореници на раката.
Пожарот избувнал во мал канал, од кадешто поради силниот ветер брзо ја зафатил сувата вегетација и дрвјата во околината, се проширил преку ливада со сува трева и стигнал до куќата што изгоре.
Неа прво се обиделе да ја спасат жителите додека дошла противпожарна единица со четири возила, заедно со полиција и со брза помош, која му ја санирала повредата на пожарникарот.
Екипи на ЕВН го прекинаа снабдувањето со струја, а екипите на терен се бореа со огнот неколку часа по избувнувањето.
Пожар изби и над селото Чифлик во општината Сопиште, и тоа во близина на куќите.