Свет

Бугарија цврсто ја поддржува европската интеграција на Молдавија

Бугарската заедница во Молдавија била силен мост на пријателство меѓу двете земји

Бугарија е меѓу најактивните поддржувачи на европската интеграција на Молдавија и Украина, врз основа на принципот на сопствените заслуги, изјави премиерот Росен Жељазков за време на средбата со претседателката Маја Санду, пренесуваат медиуми.

Тој изрази благодарност до претседателот на Молдавија за конструктивниот пристап и поддршката  во процесот на трансформирање на поранешниот Универзитет Тараклија во полноправна филијала на бугарскиот Универзитет во Русе „Ангел Канчев“.

Според него, примени биле над 200 апликации од потенцијални студенти во филијалата, што докажува дека отворањето на филијалата во Тараклија ги постави темелите за одржливо бугарско образовно и културно присуство во регионот – со значење не само за Молдавија, туку и за бугарските сонародници во соседна Украина.

 

Двајцата лидери разговараа и за состојбата на билатералните односи, кои се темелат на долгогодишни врски, заеднички вредности и силната улога на бугарската заедница во Молдавија како мост на пријателство меѓу двете земји.

Најнови вести од: Свет

Франс 24: ЕУ разгледува контрамерки како одговор на заканите на Трамп за Гренланд

Земјите-членки на Европската унија разгледуваат контрамерки, како одговор на царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поради претензии кон Гренланд, и покрај противењето на Данска и ЕУ, јави Франс 24

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа

Шпанија има најдолга железничка мрежа по Кина, а ова е прва несреќа со брз воз. Во неа загинаа најмалку 39 лица, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми во наредните часови, бидејќи уште 152 лица се повредени, од кои некои потешко.

(Видео): Најмалку 39 мртви во Шпанија при судар на два воза, луѓето сè уште се извлекуваат од вагоните

Во возот Ирјо имало 300 патници, а во возот Ренфе Алвија 184 луѓе. Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа. Претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено, изјави дека регионалните власти се преоптоварени од обемот на катастрофата. Морено, непосредно пред обраќањето на шпанскиот премиер Педро Санчез, изјави дека ова е „невидена катастрофа“ што „едноставно ги надмина нашите можности како локална администрација“.

Најмалку седум лица загинаа, а неколку се тешко ранети во експлозија во елитниот дел на Кабул, во Авганистан (Видео)

Седум лица загинаа, а неколку други се ранети во експлозија пред кинески ресторан во населбата Шахр-е-Нав во Кабул, каде што живеат претежно странци, соопштија болничките власти. – Експлозијата се случи во хотел на улицата Гулфароши, во четвртиот округ на Кабул, и има жртви, изјави портпаролот на полицијата во Кабул, Халид Задран, објави АФП.

To top