На граѓаните им се препорачува да избегнуваат движење и престој во шумските предели, особено во периодите кога температурите се највисоки, од денеска откако Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран.
Поради екстремно високите температури, земјава се наоѓа во портокалова фаза.
Покрај високите температури и портокаловата фаза, земјава се соочува и со зголемен број пожари на повеќе локации. Од Центарот за управување со кризи информираат дека комбинирани тимови се активно на терен и интервенираат таму каде што е најпотребно.
Од вкупно 26 пожари на отворен простор регистрирани во земјава во изминатите два дена, од кои нема активни, под контрола е еден, а 25 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата. Останатите пожари се изгаснати.