Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски го повтори цврстиот став на неговата партија и на Владата дека нема решение со Бугарија без почитување на принципите поврзани со македонскиот национален идентитет.
„Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат. Нормално е двете држави да комуницираат, нема ништо страшно во комуникацијата. Поентата е дека доколку се најде решение, тоа ние инсистираме и така ќе биде, да биде во рамки на принципите коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Ако тие принципи не се почитуваат, тогаш нема да има решение. Поедноставно од ова не можам да го кажам“, изјави Николоски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.