Македонија

Трпение до први септември, потоа протести на границите од транспортерите

Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тема на беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба.

Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести. Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе траат до исполнување на нивните барања за престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

– Ние ќе бидеме трпеливи, ќе се трудиме да направиме шеми за движење на возачите. Сега е период на годишни одмори, меѓутоа она што следува од септември натаму ќе биде многу трагично ако не најдеме решение. Не сакаме да му наштетиме на никого, ниту на Европска Унија, ниту на нашите држави, а најмалку на нас самите превозниците, но ако сме принудени ќе организираме протести со коишто уште еднаш ќе ги потсетиме сите дека сепак постои проблем којшто треба да се реши, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на превозници – Макам-транс.

Превозниците се надеваат дека на состанокот во Брисел ќе се најде решение за проблемот затоа што велат протестите не му одат во прилог на никого.

– Одлуките за протести генерално се донесени во нашите земји и на ниво на управни одбори, но како превозници не сакаме да протестираме бидејќи тоа се одразува на целото општество, но ако бидеме принудени, ќе мора да излеземе. Искрено се надеваме и посакуваме тоа да не се случи, изјави Неџо Мандиќ од Србија.  

Здруженијата на превозници се согласни да не се менува договорот за престој во Шенген зоната, но бараат да се почитува стрикно правилото 90 дена престој во последните 180 дена односно минутата да биде минута, часот, да биде час… Бараат и прецизен рок кога нивниот проблем ќе биде решен.

Најнови вести од: Македонија

Скопје има безбедна вода за пиење, вели Ѓорѓиевски

Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење, пишува градоначалникот

Туристички бум во јуни – во Македонија дошле над 113.000 гости, најмногу од Турција

Јуни донел силен прилив на странски гости во земјава, но ниту тоа не било доволно првата половина од 2026 година да заврши со раст на туристичкиот промет. Бројките покажуваат интересна слика – странците убедливо доминираат меѓу посетителите, Турција е далеку пред останатите пазари, а домашните туристи бележат пад.

Македонија сама го решава проблемот со визи за професионалните возачи, вели Николоски

Maкедонија веќе има билетарални договори за транспортерите со Швајцарија, Хрватска и со Романија, а се работи и со Австрија, Германија и со Унгарија, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Им пречат македонштината, историјата и македонската приказна – ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

Земјоделците, откупувачите и преработувачите се договорија: откуп на „ајварката“ од прва класа по 40 денари за килограм

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка.

To top