Македонија

Им пречат македонштината, историјата и македонската приказна – ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

СДСМ се против прославата на независноста и нивна единствена цел е да ѝ наштетат на државата. Ова е реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, на која секретарот за меѓународна соработка Андреј Жерновски праша кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол.  Од владејачката партија ги отфрлија обвинувањата за спотот за 35-годишнината од независноста, појаснувајќи дека станува збор за уметничка инсталација на која се прикажува рефлексија на сонцето.

  • „Им пречи македонштината, им пречи историјата, им пречи убавината. Им пречи тоа што наши македонски изведувачи, актери и пејачи, ја шират македонската приказна, ги цитираат стиховите на Рацин, на Конески. Им пречи што се пеат стари народни македонски песни. Им пречи тоа што веќе нема поделби. Им пречи што сите се едни до други во оваа македонска приказна“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за децениско уништување на државата, менување на знамето, името и Уставот, како и прифаќање штетни договори на сметка на граѓаните.

  • „Ние од нив друго и не очекуваме. Политички лешинари и глодари, таков талог на општеството, 35 години ја уништуваше Македонија. Истиот тој талог, го промени знамето два пати, името два пати, Уставот неколку пати, го избришаа дури и АСНОМ. Ги прифатија сите срамни предавства на штета на Македонија, за тие да си ги полнат своите џебови“, додаде Манасиевски.

Од партијата порачуваат дека времето на коленичење и потчинување е завршено и дека Македонија се возобновува од децениската негрижа на талогот и предавниците.

Од СДСМ денеска посочија дека токму на денот кога во 1992 година се усвоени македонското знаме и химна, Владата направила дебакл со прикажување погрешна верзија на знамето, а реакцијата на властите дека станува збор за „уметничка инсталација“ ја нарекоа трагикомична.

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top