Македонија

Д-р Чибишев: Кои болни умови шират вести за наводно загадена вода за пиење во Скопје

МВР итно да ги открие нарачателите, креаторите и, како што рече, промоторите на оваа гнасна лага која внесе надоверба и страв кај граѓаните на главниот град

Токсиколог Андон Чибишев на социјалните мрежи се огласи по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.

Д-р Чибишев смета дека доколку би имало присуство на оваа бактерија, за ден-два би имало над 50 000 пациенти.

-„Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез)информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Escherichia coli. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите и во сите случаи не предизвикува симптоми и болест доволно е само 10 % од жителите на Скопје да развијат слика на воспаление на цревата тоа ќе значи дека за ден-два ќе има над 50 000 пациенти. Тоа ќе значи голем проблем за државата и можен колапс на здравствениот систем, порача тој преку фејсбук објава.

Вели дека МВР е на потег, итно да се откријат нарачателите, креаторите и, како што рече, промоторите на оваа гнасна лага која внесе надоверба и страв кај граѓаните на Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top