Македонија остана без претставник во европските фудбалски купови во новата сезона, откако и Шкендија им се придружи на Вардар и на Силекс меѓу (рано) елиминираните, играјќи без голови во реваншот со Хибернијан во Скопје.
За патникот во последното квалификациско коло од Конференциската лига пресуди победата на Шкотите од 2:1 во Единбург, и тоа со гол постигнат во 90. минута!
Македонскиот вицепрвак имаше иницијатива, повеќе од играта, поголем посед на топката (58:42 отсто), повеќе удари на голот (15:6), но не успеа да го најде патот до мрежата на голманот Рафаел Селинџер.