Македонија

Запрена истрагата за човекот кој наводно го сокрил пиштолот на Палчо

Обвинителството не нашло докази против него

Јавното oбвинителство ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој беше осомничен дека помогнал во сокривањето на пиштолот и на моторолите поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (64). Причината е што по извршените проверки не биле обезбедени докази дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се водела постапката, пренесува Плус инфо.

Станува збор за лице со иницијали З.Д., кое во судската постапка го спомена сега осудениот Велибор Манев. Во завршниот збор Манев рече дека Љупчо Палевски – Палчо, додека бил во бегство, му кажал да стапи во контакт со него, за да го отстрани и уништи „пакетот“.

– Бидејќи ме нарече лажго и сака да ми натовари вина дека јас сум ги убил Вања и Панче, еве ќе кажам дека лично тој ми се јави од турска граница и ми рече да му се јавам на З. Д. од Народна банка, член на Десна. Ми рече да му се јавам за да го отстрани „пакетот“ откај него, да го фрли и уништи. Да не може да се најде. После тоа морав да го известам дека сум се јавил и сум ја пренел пораката – рече Манев на судењето.

Пиштолот со кој Палевски ги убил Ѓорѓевска и Жежовски не беше пронајден во првичната истрага за двете убиства.

По овие тврдења на Манев беше отворена истрага за кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело. Во рамките на постапката биле извршени и претреси.

Обвинителството соопшти дека собраните докази не ги потврдиле сомневањата.

„По извршените проверки, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за запирање на истражната постапка бидејќи не се обезбедија докази дека пријавениот го сторил наведеното кривично дело“, соопшти Обвинителството.

Во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на четворицата обвинети, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешиев, им беше изречена казна доживотен затвор, која е потврдена на Апелација.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, беше ослободен од обвинението дека им помогнал на киднаперите, но Апелација ја укина пресудата и наложи повторно судење.

Најнови вести од: Македонија

Забранета водата за пиење во Демир Капија

– Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење – напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил

Вештачката интелигенција и дигитализацијата во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг

На 30 септември во Скопје, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за иднината
на контролингот, новите компетенции и влијанието на технологијата врз финансиското
управување

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава.

Радарите не простуваат, 1.576 прекршоци за седум дена

Засилените контроли се спроведувале низ Македонија во рамките на европската операција „Спид“. Полицијата особено ги контролирала патиштата и локациите каде што брзото возење носи зголемен ризик од сообраќајни незгоди.

To top