Регион

Тело на жена најдено на опожарено подрачје кај Омиш, осуммина се борат за живот

Лекарска интервенција побарале 43 лица, од кои 14 се задржани в болница, 2.400 лица привремено згрижени во околните градови

Во местото Станиќи во близината на Омиш, кадешто синоќа изби голем пожар, денеска околу 13:30 часот е пронајдено тело, кое медиумите во Хрватска го поврзуваат со 34-годишната државјанка на Босна и Херцеговина, Драгана Антешевиќ, објавена за исчезната токму кога пламените јазици создаваа апокалиптична сцена околу градот на јадранскиот брег.

Според медиумските извештаи, таа бегала од огнената стихија во Станиќи со автомобил во кој имало уште две жени, кои се спасиле, но со тешки изгореници по телото.

Вкупно 43 лица побарале помош во здравствените институции, од кои 14 потешко повредени, од нив осуммина се борат за живот.

Речиси 2.400 лица, меѓу нив најголем број странски туристи, се привремено згрижени во прифатни центри во Омиш, Сплит и Макарска.

 

Најнови вести од: Регион

Застрашувачки пожари го зафатија брегот Јадранот

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици.

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top