Регион

Радикален босански имам кој застапува тепање на жени уапсен и протеран од Косово

Балканскиот вехабист кој има околу половина милион следбеници преходно бил и во Македонија

Косовската полиција го уапси босанскиот муслимански имам Елведин Пезиќ во Пеќ додека бил во младински центар за да одржи предавање.

Пезиќ наводно бил пријавен за ширење „вахабистичка идеологија“ во Косово и претходно му бил забранет влез во земјата.

Следен од 500.000 луѓе, имамот е исто така муслимански инфлуенсер на социјалните мрежи кој промовира екстремистички учења, вклучително и застапување на тепање жени.

По апсењето босанскиот муслимански проповедник е депортиран од Косово.

Косовската полиција не дава никакви информации што ја објаснуваат причината за депортацијата.

Според косовскиот закон, странски државјанин може да биде депортиран од земјата ако претставува закана за јавниот ред, националната безбедност или јавното здравје.

Лани во Август Пезиќ држел молитва во струшкото село Октиси а имал јавен настан во Струга во организација на Фондацијата Зеќат од Октиси.

Во најавата на гостувањето на Пезиќ се вели дека тој е респектиран исламски предавач и доктор на исламски науки кој е познат по своето едноставно, но длабоко и современо толкување на исламот, а неговите предавања редовно привлекуваат илјадници слушатели.

Најнови вести од: Регион

Застрашувачки пожари го зафатија брегот Јадранот

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици.

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top