Истрагата покажува дека од главниот град на Грција во Македонија биле праќани лажни пасоши и мигранти со лажни документи.
Тие мигранти кои успевале да влезат во Македонија сами лажните пасоши ги добивале на македонска територија а дел од мигрантите во земјава влегувале со фалсификувани документи.
Полицијата во Атина уапсила осомничен клучен член на криминална група што шверцувала мигранти во Грција и изврши претрес во работилница каде што тој наводно изработувал фалсификувани лични документи.
Во полициското соопштение се наведува дека 61-годишниот странски државјанин бил приведен во четвртокот во работилницата во атинската населба Егалео и се соочува со обвиненија кои вклучуваат фалсификување и прекршување на законите за имиграција.
Според соопштението, осомничениот наводно изработувал фалсификувани документи за група што пренесувала луѓе од Турција и Ирак во Европската Унија преку Македонија.
Мигрантите потоа или биле шверцувани преку границата во Грција, каде што ги добивале фалсификуваните документи што им овозможувале да продолжат кон просперитетното јадро на Европа, или пак фалсификуваните документи им биле испраќани во Македонија.
Полицијата соопшти дека осомничениот изработувал висококвалитетни фалсификати, вклучувајќи и визни налепници за шенген-зоната на континентот, каде што патувањето се одвива без пасошка контрола. Тој наводно наплаќал до 900 евра за секој фалсификуван документ, додека групата заработувала проценети 8.000 евра за секој мигрант шверцуван во Европа.