Регион

Тајната посета на Софија од десната рака на Зеленски ја разбрани бугарската јавност

Кирило Буданов, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, вчера бил примен од премиерот Радев

Посетата на Софија од Кирил Буданов, шеф на кабинетот на украинскиот претседателот Володимир Зеленски, на негово барање и во целосна доверливост поради безбедносни мерки, ја крена на нозе Бугарија.

За време на средбата со премиерот Румен Радев вчера Буданов ги споделил ставовите на украинската страна за можностите за постигнување мирно решение на војната во Украина.

Посетата покрена прашања и остри политички реакции. За неа се дозна од објавата на лидерот на партијата Републиканци за Бугарија, Цветан Цветанов, кој сподели фотографија од средбата со украинскиот претставник. Тој објави фотографија со Буданов на социјалните мрежи, придружена со краток коментар во кој изрази почит кон украинскиот претставник и поддршка за напорите за постигнување мир.

„Импресиониран сум од интелектот, силниот дух и решителноста на Кирил Буданов. Му посакав успех на претстојните средби во САД и изразив надеж дека неговите напори ќе придонесат за постигнување праведен и траен мир“, напиша лидерот на Републиканци за Бугарија.

Неговата објава привлече внимание за посетата, за која досега не се презентирани детални официјални информации во врска со програмата, одржаните разговори и евентуалните средби со претставници на бугарските институции. Министерството за надворешни работи во соопштение за телевизијата Нова објави дека не биле информирани за посетата на Буданов и дека немало средба со министерот. Идентично информира и Министерството за одбрана.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top