Македонија

Премиерот знаел дека опозициски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

Еден ден пред почетокот на ширење страв и паника Владата добила информација дека опозициски партии ќе се обиидат да создадат хистерија преку социјалните медиуми”, изјави денеска премиерот Мицкоски.

Информиран сум дека неколку лица, повеќе од 10-ина се повикани на разговор во МВР. За жал, денеска преку социјалните медиуми голем број пораки се испраќаат, меѓу кои и вакви кои претставуваат своевиден хибриден напад, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за лажните информации во врска со водата во Скопје.

,,Пораки кои имаат за цел да внесат немир, несигурност и револт кај граѓаните. Во услови кога не можете да создадете таква атмосфера бидејќи, ако минатата година такви пораки се испраќаа за пожарите, оваа година поради сите подготовки кои ги презедовме, но и брзите реакции кои што се случуваат по пожари, не можат овие центри да креираат хистерија, па сега се обидуваат со лаги, со конструкции тоа да го прават. Ние ден претходно добивме информација дека опозициски партии ќе се обиидат да создадат ваква хистерија преку социјалните медиуми”, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните.

,,Тоа што мене повеќе ме загрижува, мислам дека тука има и комерцијални обиди бидејќи за еден ден голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви и количини на флаширана вода. Јас разбирам дека имаме работа со безидејна и очајна опозиција која се обидува да креира, да конструира хистерија на начин кој што можеби се претерува, но тие ја одбрале таа тактика за да соберат политички поени. Ние ќе се бориме со проекти, со работа, со посветеност”, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top