Македонија

Премиерот најави продолжување на поддршката за нови проекти

Децентрализација на средства кон општините

„Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот што следи. Нашата задача е да работиме и она што сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите што ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега. Би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата“, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски.

„Мислам дека Македонија во моментот е претворена во едно големо градилиште, а тоа беше и целта на оваа Влада кога беше избрана, па во таа насока ќе продолжиме и понатаму. За следната година, преку ЗЕЛС, ги охрабруваме градоначалниците да подготвуваат проекти во зависност од можностите. Исто така, како Влада, планираме дел од средствата да ги децентрализираме од централниот буџет кон општините за да може уште повеќе проекти да се реализираат. Тоа што беше приоритет, продолжуваме и понатаму да го реализираме“, посочи премиерот.

Тој денес присуствуваше на отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода.

„Уште еднаш честитки до градоначалничката за посветената работа, за сите оние во Советот кои ја поддржуваат нејзината работа, а се разбира и до администрацијата, без која сите овие проекти е невозможно да се реализираат. Би сакал да ѝ се заблагодарам и на министерката за образование, како и на колегите од Владата кои исто така го носат овој проект за финансирање проекти од Владата кон општините. Нека е со среќа и голем број спортисти, успешни репрезентативци и репрезентативки да излезат од оваа сала, кои со гордост, достоинство и успешни резултати ќе ги бранат боите на Македонија“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот знаел дека опозициски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

To top