Македонија

Сиљановска-Давкова: Симон уште еднаш покажа дека е еден од најмаркантните пијанисти во светот

Претседателката за музичките волшебници кои го разбудија древниот антички амбиент и ги смирија облаците

Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото се отвори, ветрот стивна и ѕвездите осамнаа над Античкиот театар Хераклеа Линкестис којшто ги вдоми маестро Симон Трпчески со неговите маестрални музички пријатели и привилегираната публика, желна и жедна за музички чуда, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по концертот на Симон Трпчески во античкиот град Хераклеа кај Битола.

,,Симон, уште еднаш покажа и докажа дека не е само најдобриот македонски пијанист на сите времиња и еден од најмаркантните пијанисти во светот, туку и харизматична личност којашто сака и умее да комуницира во текот на концертот со музичарите на сцената, но и со слушателите, креирајќи топла, пријатна атмосфера.

Првиот дел од репертоарот нè врати во раскошот на класичните музички приказни, компонирани во наплив на различни чувства и расположенија и изразени низ различни ритми.

Во вториот дел, македонското музичко наследство доби ново, современо руво, низ дел од проектот „Македонисимо“, во којшто автентичните и препознатливи македонските ора и песни, преку новите аранжмани добија современ музички израз”, објави претседателката.

Таа смета дека да се ужива во магијата на Трпчески и неговите музички пријатели во Хераклеа, од уметност на неможното, вчеравечер станала уметност на можното затоа што ,,музичките волшебници го разбудија древниот антички амбиент и ги смирија облаците!”.

Сѐ уште под влијание на синоќешната импресија, Сиљановска-Давкова вели дека со задоволство го очекува концертот по повод десетгодишнината од „Македонисимо“, по деценијата во која, на крилјата на музиката, македонската музичка традиција го пропатува светот, претставувана од врвни културни амбасадори”.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

Премиерот знаел дека опозициски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

To top