Македонија

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Не бев само во Брисел, вели премиерот Христијан Мицксоки додавајќи дека од Македонија бил отсутен околу една недела бидејќи бил на патување што е дел од воспитувањето што го имаат со неговите синови – еднаш во годината да посетуваат еден европски град.

  • „Таму посетуваме значајни места и разговараме и ја изучуваме историјата на таа држава. Еднаш бевме во Прага, еднаш во Будимпешта. Посетата во Будимпешта ја искористивме да го гледаме натпреварот меѓу Португалија и Унгарија бидејќи на помалиот син Роналдо му е омилен фудбалер. Потоа, еднаш бевме во Виена. Оваа година немавме можност затоа што јас сум виновен, оваа пролет некако јас немав можност да појдам. Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави Мицкоски.

Попрецизно, премиерот рече дека бил четири дена во градот Бриж и во детали раскажуваше кои места ги посетил и што погледнал таму. Но, Мицкоски кажа и дека три дена поминал во Брисел каде имал средби со инвеститори.

  • „Немав политички средби. Исто така правевме обиколка во Брисел. Имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор. Едниот е од Германија, едниот е од САД, а третиот прави проширвање на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, сите три ќе потпишат договори и јавноста ќе биде запознаена околу содржината на тие разговори“, рече тој.

Мицкоски додаде дека инвестициите се во фаза на реализација, се работи на последните детали од договорите. Очекува договорите да поминат на некоја од следните владини седници. Премиерот потенцираше дека ги објаснува деталите за патувањето, како што рече, за да знаат тие што се љубопитни од опозицијата и да не мора да се распрашуваат.

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

To top