Македонија

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

За една недела, втор смртен случај од вирусот западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Почина 72-годишен маж кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис. На Клиниката во моментов се хоспитализирани 24 пациенти, од кои неколкумина се на механичка вентилација.

Пред неколку дена, од вирусот почина 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Инфективна. Кај пациентот биле присутни и вкочанетост на вратот и нарушена свест, а била утврдена и клиничка слика на менингитис. Дополнително, кај него биле присутни и други болести. Присуството на вирусот на западнонилска треска било потврдено со серолошко испитување на ликворот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, симптомите на вирусот се покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, како и болки во зглобовите и во мускулите. Здравствените власти прогласија епидемија поради зараза со вирусот во неколку скопски подрачја: Кисела Вода, Гази Баба, Драчево, Илинден, Трубарево, Јурумлери, Идризово. Најмногу регистрирани случаи на заболени од западнонилска треска има во Драчево.

Најнови вести од: Македонија

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

To top