Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се’ повеќе тоне

Со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници, СДСМ освои 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласови

Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година, реагираат од владејачката партија по соопштението на Аналитичкиот центар на социјалдемократите според кој, резултатите од вчерашниот круг покажувале дека расте довербата во СДСМ, а паќаа онаа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори.

Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител.

Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник.

За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани.

Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна:

ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 гласови повеќе од ланските избори.

Имено, на листа за советници лани освоивме 2.371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани“, се вели во соопштението на владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top