Македонија

На 1 ноември, втор круг гласање за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски, кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои најмногу гласови во првиот круг – 38,9 %, а по него следува Аркин Јахиј, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, со 28,4 %

 

Втор круг од изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи за две недели, бидејќи ниту еден од шесте кандидати не освои повеќе од 50 % од гласовите.

Стојанчо Радичевски, кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои најмногу гласови во првиот круг – 38,9 %, а по него следува Аркин Јахиј, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, со 28,4 %.

Двајцата одат во вториот круг.

Овие вонредни избори се одржуваат по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top