Православните верници на овој ден се прославува преображението на Исус Хрисот на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолитеПетар, Јаков и Јован.
Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле, и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.
„И заблескало лицето негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај него се појавиле пророциte Мојсеј и Илија. … Потоа, сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале земјата како мртви и останале така додека Господ не им пришол и им рекол: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).
Преображение Господово е еден од значајните празници во православната традиција, но има посебно место и во македонската народна култура, каде со него се поврзани бројни обичаи и верувања.
Празникот во народот е познат и како ден кога природата „се преобразува“. Се верува дека по Преображение времето постепено заладува, листовите почнуваат да венат, а водата во реките станува постудена.
Еден од најпознатите обичаи е првото јадење грозје во годината. Традиционално, грозјето и другото овошје се носат во црква, каде што свештеникот ги благословува, по што може да се јадат и да се раздаваат на блиските.
Овој обичај е забележан и во повеќе краеви на Македонија.
Преображение така ги поврзува христијанската традиција и старите народни обичаи, а празникот останува важен дел од духовното и културното наследство на македонскиот народ.