Македонија

Министерот за надворешни работи на Чешка во официјална посета на Македонија

Денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Петр Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства

 

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства.

По билатералната и пленарната средба, министрите Муцунски и Мацинка ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите во Вила „Охрид“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top