Македонија

Пронајдено безживотното тело на 16-годишното девојче

Во опсежната потрага по девојчето учествуваа членови на МВР, како и специјалната единица „Волци“ при Армијата

Телото на 16.годишно девојче, кое на 24-ти јули беше пријавено за исчезнато во водите на реката Вардар, во областа на општина Градско беше пронајдено по шестдневна потрага.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека бил извршен е комплетен увид на местото на настанот, а по насока на јавен обвинител, телото е испратено на обдукција.

Во опсежната потрага по девојчето учествуваа членови на МВР, како и специјалната единица „Волци“ при Армијата.

Исчезнувањето на девојчето беше пријавено од страна на нејзината сестра на телефонскиот број за итни случаи.

Како што е познато, нејзината сестра изјавила: “Ве молам помогнете, ја нема мојата сестра”.

Освен девојчето, беше објавено дека во водите на Вардар е исчезната и дваесет и шестгодишна жена, но за среќа, таа беше лоцирана жива.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

To top