Хроника

Шест возачи уапсени, 262 казнети: акција на МВР низ Скопје и контроли на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли

Во текот на изминатата вечер и ноќ, од 21 кон 22 август, полицијата во Скопје казнила 262 возачи во рамки на засилена сообраќајна контрола, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Акцијата била спроведена од 18 часот до 1 часот по полноќ од Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје.

Од вкупниот број санкции, 102 биле изречени за возачи на мопеди и мотоцикли.

Најголем дел, односно 93 мерки, биле за управување мотоцикл без заштитна кацига. Четворица возачи биле санкционирани поради несоодветна категорија, а петмина затоа што управувале без положен возачки испит.

Дополнително биле изречени уште 160 мерки за други прекршоци, меѓу кои неносење возачка дозвола, неносење сообраќајна дозвола, неистакнати регистарски таблички и поминување на црвено светло.

Полицијата привремено одзела и еден мотоцикл затоа што регистрацијата му била истечена повеќе од шест месеци.

Шест лица биле лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top