Бизнис

Во Македонија ќе има правилник за потекло на парите за приредување игри на среќа

Димитриеска-Кочоска очекува вистински резултати по неговата имплементација

По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници – Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ.

Таа појаснува дека потребата документација меѓу другото се однесува на изречени санкции за забрана за вршење професија, изречена казна за забрана за приредување на игри на среќа и слични околности кои се значајни за нивното учество во приредувањето на игрите на среќа.

„Ова е важен чекор, Правилникот ги претвора законските принципи во конкретни правила, процедури и критериуми што ќе можат да се применуваат во пракса”, наведува министерката.

Таа додава дека Министерството за финансии работи и на подготовка и донесување на останатите правилници потребни за целосна имплементација на Законот.

„Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија, вклучително и индустријата на игри на среќа. За нас, донесувањето на Законот и на позаконските акти не е крајот на процесот. Вистинскиот резултат доаѓа со неговата доследна имплементација. Затоа, секој донесен правилник и секој следен чекор во спроведувањето значи дека законските решенија стануваат реалност, а нивната примена носи поголема заштита за граѓаните и поефикасен систем”, вели Димитриеска-Кочоска.

Новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен на крајот на јуни оваа година, од причина што оваа област значително се промени во изминатите години. Со новиот Закон се воведоа повеќе новини чија заедничка цел е поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и поодговорно работење во оваа индустрија.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top