Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДС и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување. За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а болниците биле набавени како стоки, кои не можеле да бидат користени како објекти за здравствена дејност. Техничката спецификација, пак, била изготвена од лице назначено директно од Венко Филипче.

Светска банка барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници, како и извод од Катастар, со цел да се покаже одржливоста на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, затоа што процедурата не била запазена. Катастар одбивал да врши упис на болниците, затоа што тие биле набавени како стоки и немало извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, кој бил потребен за нивно запишување.

Во случајот со модуларната болница во Тетово, каде животите ги загубија 14 лица за неполни две минути, Артан Етеми, тогашен економски директор на болницата, бил против поставувањето на ваков тип објект затоа што немало приклучоци, немало никаков надзор, а немале ниту достапни средства за да ги платат приклучоците. Но, Венко Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат пуштени во употреба.

Токму поради ова, обвинетите кажаа дека Венко Филипче треба да седи на обвинителната клупа заедно со нив. Предметот за овој настан, кој се случи на 8 септември 2021 година, а за кој беше оформен предмет на 10 септември истата година, долго време стоеше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за на крај Ислам Абази да го спаси Филипче од одговорност.

Ова не е прв случај во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети, а сега, пред заминување, си ја доработува задачата за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче за виновен. Во меѓувреме, Венко Филипче во своите јавни настапи повторно се навраќа на своите скандали и се обидува пред јавноста да продаде приказна за своите „успеси“ како министер за здравство, нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

To top