Македонија

Запленети и уништени повеќе од 27 тони отровно млеко

Отровното млеко било откриено на граничниот премин Блаце при влез од Косово во Македонија.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блац, минатата недела спречија увоз  на две пратки УХТ млекоо д Косово со вкупна тежина од 27.520 литри, поради утврдено присуство на афлатоксин над најмногу дозволените концентрации, одредени со постојните законски прописи.

Небезбедните количини млеко, кои биле наменети за пласман во верига на маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла.

Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинско потекло кои се увезуваат во земјава.

На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење на задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на Жеден, кој се префрла од тетовска на скопска страна!

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста, која попладнево е забележлива во Скопје, е од ветерот, што го носи чадот од пожарот на Китка во општините Студеничани и Зелениково.

Супериорниот Hi-Fi звук на Samsung Galaxy Buds4 Pro препознаен од аудио експертите

Признанието од страна на Асоцијацијата за експертско оценување на слика и звук (EISA) ги потврдува Galaxy Buds4 Pro слушалките како пример за долгогодишната посветеност на „Samsung“ кон испорачување Hi-Fi звук верен на оригиналот и интелигентни, адаптивни искуства при слушање

To top