Весникот „Сан он Сандеј“, на кој се повикува „Топ ченел“ , посветил статија на ова прашање, наведувајќи дека „договорот вреден 8 милиони фунти, меѓу британската и албанската влада, имал за цел трансфер на 200 затвореници“. Но, според овој весник, извори од Министерството за правда во Тирана изјавиле дека „овозможен е трансфер само на 13 лица“.
Овој мал број е резултат на одложувањата од страна на албанските судови, кои мора да ја признаат одлуката издадена од британските судови, за секој затвореник што издржува повеќе од четири години затвор кога аплицираат за трансфер. -Еден затвореник Англија ја чини 56.000 фунти годишно. Албанските затвореници во Британија , во последните седум години, сочинуваат најголем број затвореници од странска националност, пишува „Сан“.
Моментално, во англиските затвори има 940 Албанци, главно осудени за вмешаност во продажба на кокаин или подигање фарми за канабис.