Македонија

Никогаш не би гласал за ВМРО-ДПМНЕ ама по интервјуто на Филипче се премислил

Во некои коментари кои се говор на омраза Филипче е нарекуван магаре, гојдо, абдал и со други многу погрдни имиња кои не може да се објават

Граѓанин објави дека откако го изгледал интервјуто на Венко Филипче за Сител најавува дека ќе гласа за тие за кои преходно немал намера да гласа.

,,Јас за дпне немаше да гласам ама после ова со две раце, ви благодарам”, пишува читател кој на социјалните мрежи е критичар на ВМРО-ДПМНЕ но по интервјуто на Филипче го менува својот политички светоглед.

Ова е еден од бенингните коментари на објавата со дел од видео интервјуто со лидерот на СДСМ на Сител.

Во речиси сите останати коментари на објавата на Сител Филипче е критикувам за своите ставови во кои тој ги оправдува претставниците на ЕУ а го напаѓа Мицкоски за позициите за Бугарија.

Еве дел од бенингните коментари:

Бугари во устав за да го пљачкаат нашето културно и интелектуално богатство не само од минатото туку и сегашноста и иднината, да стават печат дека се е тоа бугарско..никако ни по никоја цена. А овие од сдс проституција и родена мајка продадоа за да сите сега да не плукаат

Престани да се бориш против себе, почни да се бориш за себе.

Сунчан многу

Повторно Орбан е тема и причина, па Српско и Руско влијание , чисто бугарски наративи ! Бугарите не треба ниту со прст да мрднат кога нивната политика ја води бастросаното Раководство на чело со најголемиот подржувач. На Бугарија Венко Филипче ! Не слушнав дали кажа : бугари во Устав , бугари во …

Македонска работа, важно е да си против, не е важно да ли си во право или не. Ако се водат некакви разговори за да се дојде до некакво решение, не било добро, ако не се прави ништо во таа насока, ниту тоа не во ред. Важно е да си против не е важно за што се однесува. Не би ме зачудило ако се дојде до некакво решение, Филипче да бара од неговата партија да не го поддржи таквото решение.

Ако си ваков лекар како што си политичар јака им душа на пациентите

Сите знаат дека Венко е автопрокси играч на Радев. Му помага на Радев да се справи со МАКЕДОНШТИНАТА!

Па нели и народот требаше да знае што ви смените име сами што не прашавта на гласање немаше никој да се сложи

Во некои коментари кои се говор на омраза Филипче е нарекуван магаре, гојдо, абдал и со други многу погрдни имиња кои не може да се објават.

Што кажува Филипче и како се е нарекуван во видеото

Цело интервју

Најнови вести од: Македонија

To top