Македонија

Автопатот Кичево-Охрид целосно готов на почетокот од 2027 година

Работите на најсложениот дел од трасата Кичево-Охрид се во завршна фаза вели министерот за транспорт Александар Николовски. На потегот Извор-Врбјани, две од четирите галерии се целосно завршени, а на останатите интензивно се работи. Во тунелите веќе се поставува современа опрема за сигнализација, рано предупредување од пожари и вентилација, како и контролен центар.​

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид-Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето – во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција. Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, 12-ина километри, кој треба да ја спои Стража со автопатот Охрид – Струга – Кичево.

Според најавите од Министерството за транспорт, по пуштањето на овој дел во октомври, ќе остане да се премости уште критичната точка кај Ботун, со што целата траса ќе биде комплетирана на почетокот на 2027 година.

Што се однесува до Коридорот 8 и делницата од Требеништа до граничниот премин Ќафасан, автопат ќе се гради, но по целосно нова, алтернативна рута. Министерот Николоски појасни дека промената се прави со цел да се заштити биодиверзитетот и културно-историското наследство согласно препораките на УНЕСКО, а новата траса веќе се координира со албанските власти.

  • Во однос на најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево, од Извор до Врбјани, две галерии се целосно звршени, третата е со 70 отсто динамика, а четвртата со 50-ина проценти. Во тунелите се поставуваат софтвер, сигнализација за следење на сообраќајот и за рано предупредување од пожари, вентилациски системи, како и супермодерен контролен центар. Очекувам во октомври оваа најтешка делница од автопатот да биде ставена во функција. Потоа ќе остане да се реши уште делот кај Ботун и, како што ветивме, во првиот квартал од 2027 година автопатот да биде целосно ставен во функција. Но, не застануваме тука, знаете дека се градат патиштата Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Очекувам добри вести од ЕБОР и во септември да најавиме изградба на уште еден автопат, Кичево – Букојчани, 12-ина километри, кој треба да ја спои Стража со автопатот Охрид – Струга – Кичево – истакна Николоски

Паралелно со ова, од септември се очекува и официјален почеток на изградбата на уште една клучна делница – Кичево–Букојчани во должина од 12 километри, за која се очекуваат позитивни вести за финансирање од ЕБОР.  Оваа делница треба да го поврзе превојот Стража со новиот автопатски систем кон Охрид и Струга.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

Владата го решава проблемот на превозниците со Шенген-правилата

Вицепремиерот и министер за транспорт рече оти тоа се прави и дека веќе се постигнати договори со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе се работи и на договори со други држави од Шенген-зоната.

(Фото): Ноќна дезинсекција на критични точки во Карпош

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Скопје и Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината.

Матичната служба ќе проверува зошто од родителите од Пробиштип било барано да именуваат веќе починато бебе

Управата за водење на матичните книги ќе ја проверува целата постапка во случајот со семејството од Пробиштип, кое било контактирано за определување име на новороденчето, иако бебето починало непосредно по раѓањето.

Клековски: Досега 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Инфективната клиника 21 пациент

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на Жеден, кој се префрла од тетовска на скопска страна!

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста, која попладнево е забележлива во Скопје, е од ветерот, што го носи чадот од пожарот на Китка во општините Студеничани и Зелениково.

To top