Македонија

(Видео): Дизелот над 100 денари ќе ги зголеми трошоците за храна, реагираат од опозицијата

Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци. Што значи цените на храната повторно ќе растат, реагираат од опозицијата.

Поскапувањето на дизелот на 101,5 денари за литар дополнително ќе ги зголеми трошоците за производство и транспорт, а со тоа и притисокот врз цените на храната, оцени потпретседателката на СДСМ Јована Тренчевска, обвинувајќи ја Владата дека не презема мерки за заштита на стандардот. Дизелот поскапе за 3,5 денари и се продава по максимална цена од 101,5 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми и бензините за 1,5 денар, при што ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 93 денари, а БС-98 95 денари за литар. Новите цени се применуваат од 25 август.

Тренчевска на денешната прес-конференција тврдеше дека дизелот во изминатите шест месеци поскапел за 43 отсто и дека повисоката цена на горивото директно се одразува врз земјоделството и прехранбениот сектор.

  • „Над 100 денари за литар дизел значи нов ценовен удар врз секое македонско семејство. Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство и на крај поскапа храна“, рече Тренчевска.

Според неа, дополнителен проблем е што потрошувачката кошничка се приближува до 70.000 денари, додека повисоките трошоци за гориво, семе, ѓубриво и наводнување ја влошуваат положбата на земјоделците. Тренчевска се осврна и на протестите на производителите на пиперки поради откупните цени, оценувајќи дека Владата не ги исполнила дадените ветувања.

  • „Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и лажните ветувања. Живее од цената на својот производ, од сигурен откуп и навремена исплата“, рече таа.

СДСМ бара Владата да обезбеди откупна цена на пиперката повисока од 50 денари за килограм, со образложение дека производствените трошоци во земјоделството се зголемени. Според образложението на РКЕ, просечните малопродажни цени на нафтените деривати со најновата одлука се зголемени за 2,62 отсто. Кај дизелот, светската референтна цена во пресметковниот период пораснала за 4,842 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за македонската држава, кој се самоуби, за да не им падне жив во рацете на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу).

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

To top