Македонија

Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Нов судир во врвот на СДСМ

На повидок нов раскол во врвот на СДСМ. Сега меѓу лидерот Венко Филипче и екс-премиерот Димитар Ковачевски – причина изградбата на дата центарот во Пехчево. Додека Филипче јавно се спротиставува на изградабата на ваковиот стратешки центар кој е во интерес на државата, па уште и ликува на одлуката неговата изградба да се стопира, како што вели, по заслуга на СДСМ, Ковачевки во ироничен стил како да му удри шлаканица. На социјалните мрежи тој истапи со хумористичен коментар, во стилот среќа што Америка го нема Пехчево.

Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот вода.

Овој став на Ковачевски, е дијаметрално спротиставен на тој на Филипче и официјланата политика на СДСМ во однос на изградбата на дата центрите низ Македонија. Како што е познато, советот на општина Пехчево ја тргна од дневен ред точката за изградбата на ваков центар на нивна територија, со што практично го стопираа проектот. Филипче сам си ја препиша заслугата за оваа одлука велејќи дека тоа било само поради залгањата на СДСМ. Дури го повикува народот на мобилизација, со теоријата на заговор дека власта под превезот на тајноста ќе ги оставела жителите без струја и вода. За Филипче изјавата на Ковачевски е демократско право на различно мислење, но тој и натаму останува на својот став во врска со Дата центрите.

-Дали тоа значи дека огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Дали тоа значи дека ова целосно запоставување на земјоделскиот сектор дополнително ќе претрпи удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на таканаречените дата-центри-вели Филипче.

Ковачевски е актуелен пратеник во македонското Собрание и барем досега важеше за поддржувач на Филипче, но тешко дека по последната размена на „мислења“, поранешниот лидер на СДСМ ќе биде добредојден во друштвото на актуелниот лидер. Филипче во неколку наврати покажа дека нема чувство за компромис со сопартијците, а тоа досега на своја кожа го почувствуваа и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, градоначалниците Петре Шилегов и Костадин Костадинов, како и членовите на иницијативата 12.05, каде членуваат повеќе истакнати членови на партијата како Игор Ивановски Шема, Андреј Петров, Јован Деспотовски и Гордан Георгиев.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top