Македонија

Почина 72-годишен скопјанец заразен од вирусот

Тој бил хоспитализиран пред 15 дена на Инфективната клиника, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика

Уште еден пациент починал од западнонилска треска вчера попладне, и ова е шести случај со смртни последици, потврди денеска директорот на Клиниката за Инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72 – годишен пациент од Скопје. Пациентот бил со доста сериозни придружни заболувања.

За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти директорот.

Починатиот пациент бил хоспитализиран пред 15 дена на клиниката, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика, и покрај сите преземени  интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, вчера во попладневните часови настапила смртта.

Во изјава за медиумите, Цана информираше дека до денеска, на Клиниката за инфективни болести биле или се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 27 досега се излекувани и испишани од клиниката.

„Моментално на клиникава се 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западнонилска инфекција невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се клинички суспектни на Западен Нил невроинвазивна форма на инфекција. За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациенти“ соопшти директорот.

Во моментов, најмладиот пациент на клиниката е 26-годишен и е во добра здравствена состојба.

Во Одделот за интензивна нега, со тешка клиничка слика се уште петмина пациенти. Сите се повозрасни.

Најнови вести од: Македонија

Возобновената црква „Св. Недела“ во Скребатно, Охридско – исполнетиот сон на Божа Шикалоска (Видео)

„Света Недела“ е понова селска црква лоцирана во непосредна близина на живописното охридско село Скребатно. Се наоѓа на самиот пат до Скребатно, на околу еден километар под селото. Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 20 јули 2004 година, објави „Охридпрес“.

Мицкоски од Осоговскиот манастир: Нашите свети места се потсетник на вредностите, кои нè обединуваат – почитта кон минатото и одговорноста кон идните поколенија!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

АХВ: Пронајден е мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утрово потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје, во паркот покрај Општината, оопшти министерот за здравство Сашо Клековски.

To top