Македонија

Отфрлена жалбата за декларацијата на Советот на Благоевград против македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

Прогласувањето на македонската нација за вештачка во декларацијата не било дискриминација врз основа на убедување и етничка припадност

Административниот суд од Благоевград ја потврди одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација во врска со декларацијата на Советот на Општината против отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, оценето во неа како антибугарска манифестација.

Декларацијата беше усвоена од општинските советници на 7 октомври 2022 година со 25 гласа „за“, 4 „воздржани“ и ниту еден „против“ и во неа се нагласува дека за општинските советници бил „неспорен историски факт оти македонската нација била вештачки создадена во 1934 година, дека единствената причина за нејзиното постоење била да ѝ служи на интересите на болчевичката партија, на Советскиот сојуз и на целите на туѓа држава“.

„Уште повеќе, за нас како Бугари и жители на Пиринска Македонија е исклучително голема навреда и провокација на еден голем бугарски поет како Никола Вапцаров да му се насадува туѓ национален идентитет. Водени од сето тоа, ние од Советот на Општина Благоевград сметаме дека создавањето на конректниот центар во нашиот град е груба провокација и демонстрација од страна на нелегитимни организации за нашето право“, се додава во декларацијата, во која се оценуваат како „грубо газење на Уставот и на законите на Бугарија сите дејства за создавање организација во која група луѓе се самоопределуваат како ‘малцинство’ во нашата национална држава“.

И покрај декларацијата на општинскиот совет, клубот беше отворен на 30 октомври таа година во присуство на тогашниот лидер на македонската опозиција, а сега премиер Христијан Мицкоски, како и на претставници на кабинетот на претседателот.

„Целта на идејата е да изградиме мост меѓу бугарскиот и македонскиот народ преку границата, сакаме да поминуваме без граници во преносна смисла. Финансирањето на клубот е од наши сонародници од Канада. Многу улици го носат името на Никола Вапцаров, тој е јавна личност и не би требало да има проблеми со тоа“, изјави Атанас Мазнев, еден од иницијаторите за отворањето на клубот, кој постоеше осум месеци, по што сопственичката на просторот одби да го продолжи истечениот договор за наем од 300 лева (150 евра – н.з.) месечно.

Во март 2023 година Мазнев и соработниците поднесоа жалба до Комисијата за заштита од дискриминација за антимакедонската декларација на Советот на Благоевград, која таа ќе ја одбие на 5 септември 2024 година со образложение дека не е извршена дискриминација врз основа на убедување и етничка припадност.

Одлуката на Комисијата е обжалена пред Административниот суд во Благоевград, кој ја отфрли како неоснована, а против решението на судијата Димитар Думбанов може да се вложи жалба до Вишиот административен суд.

Најнови вести од: Македонија

„Фол“: Генсекот Фатон Ахмети предизвика голем револт во ДУИ со своите игри: членството ги напушта, а поддржувачите преминуваат во Вреди!

„Според последните анкети, во Тетово загубата на целата опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција на локалните избори ќе биде 4 спрема 1 во корист на коалицијата Вреди. – нагласува информативниот портал „Фол“.

Ибрахими: Успеавме да ги амортизираме обидите на албанската опозиција да предизвикува инциденти спроти локалните избори

„Веќе сум сигурен дека нема да успеат да создадат инциденти. Но, ќе ја држат сцената напната долго време.“ – нагласува лидерот на Алтернатива и еден на челниците на коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими.

Итно да се затвори депонија за отпад во Никуштак, нареди Меџити

Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап и без аргументи создаваат магла и лажни скандали околу наводна хаотична, или недоволна реакција

Остра реакција на Марија Митева, портпаролката на Владата на Република Македонија, во врска со тврдењата на СДСМ и неговиот лидер Филипче околу случувањата со пожарот во Трубарево.

Гиновска: Дали има присуство на тешки метали од пожарот во Трубарево ќе се знае в петок

Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски информираше дека наредната недела треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, коишто вчера ги поставиле во скопско Трубарево.

(Видео): Пожарот во Трубарево го изгасивме за помалку од 30 часа, институциите делуваат и ќе се справиме, рече премиерот

Премиерот Мицкоски посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено сметот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже, посочувајќи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните, рече премиерот.

Партијата на Македонците-Горани “Единствена горанска партија” со кандидатска листа на локалните избори во Косово

„Упатуваме повик за масовно излегување на локалните избори во Косово, за да покажеме дека ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога, и покрај разновидните напори за гаснење на идентитетот и гласот на Македонците-Горани во Косово.“ – порача политичката партија на Македонците-Горани во Косово на прагот на годинашниве локални избори таму.

Најнови вести

To top