Македонија

Од Зелениково до Скопје и назад 8 линии за 24 часа

Распоред за градскиот воз, ЈСП најави крај на летниот режим

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца.

Возот од Зелениково ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а потоа ќе има поаѓања во: 8:30 часот, 12:26 часот, 14:00 часот, 16:25 часот, 18:30 часот, 20:12 часот и 21:55 часот.

Во обратен правец, од Железничката станица Скопје, првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот. Следните поаѓања се во: 7:30 часот, 11:40 часот, 13:20 часот, 15:42 часот, 17:45 часот, 19:12 часот, 20:56 часот

Патувањето од Зелениково до Скопје ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од поаѓањето. Патувањето од Скопје до Зелениково ќе трае меѓу 24 и 26 минути.

Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Со почетокот на новата учебна година, јавниот градски превоз во Скопје од 1 септември се враќа на зимскиот режим на сообраќање.

ЈСП Скопје информира дека од 1 септември 2026 година започнува примената на зимскиот возен ред на градските и приградските линии.

Од претпријатието ги повикуваат патниците навреме да ги проверат термините на поаѓање на линиите што ги користат, особено поради очекуваното зголемување на бројот на патници со почетокот на учебната година и завршувањето на годишните одмори.

Актуелните возни редови за градските и приградските линии се достапни на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје, каде што патниците можат да ги проверат времињата на поаѓање за секоја линија.

Со воведувањето на зимскиот возен ред завршува летниот режим, кој во текот на јули и август предвидуваше намален број поаѓања на дел од линиите.

Промената на режимот се совпаѓа со почетокот на новата учебна година, период во кој се очекува зголемен интензитет на јавниот превоз во главниот град, но и почеток на функционирање на градскиот воз.

Најнови вести од: Македонија

To top