Хроника

Затвореник во „Идризово“ почина од струјен удар

42-годишниот Н.И. од село Тебреште се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, по што паднал

На 29 август 2026 година во 14:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Идризово“ се случила трагедија.

Според пријавеното, во кругот на внатрешното шеталиште во установата, 42-годишниот Н.И. од село Тебреште се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, по што паднал.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

To top