Свет

Трамп објави видео генерирано со ВИ за наводен напад врз стратешки ирански остров (ВИДЕО)

САД всушност ги нападнаа иранските ракетни лансери на островот Ларак, а Иран возварти со напади врз американските воени бази во Јордан

Иранскиот остров Харг, што претставува енергетски центар на Исламската Република, е „разбиен на парчиња“, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи, проследена со видео-снимка создадена со помош на вештачка интелигенција.

„Снимката“, покажува напад „снимен“ од американски авион…

Иранскиот остров Харг, што претставува енергетски центар на Исламската Република, е „разбиен на парчиња“, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи, проследена со видео-снимка создадена со помош на вештачка интелигенција.

Но, Трамп не достави докази дека островот всушност бил нападнат, а нема ни официјална потврда за таков напад ниту од Белата куќа, ниту од Министерството за одбрана на САД, ниту од иранските власти.

Ројтерс објави дека го анализирал видеото објавено од Трамп со специјализиран софтвер за препознавање содржина генерирана од вештачка интелигенција.

Анализата покажа дека снимката од драматичните експлозии најверојатно е вештачки генерирана.

Евентуален вистински напад врз Харг би имал сериозни последици за иранската економија. Пред почетокот на сегашниот конфликт, островот обработувал околу 90% од извозот на нафта на Иран и е едно од најважните места во енергетската инфраструктура на земјата.

Харг се наоѓа во Персискиот Залив, на околу 25 километри од иранскиот брег. Островот е дом на големи терминали, резервоари и објекти за товарење нафта на танкери, поради што е од стратешко значење за извозот на сурова нафта од Иран.

Објавата на Трамп доаѓа во услови на остра ескалација на воените тензии во регионот на Ормутскиот теснец.

САД ги нападнаа иранските ракетни лансери на островот Ларак, кој се наоѓа веднаш до Ормутскиот теснец.

Иранската револуционерна гарда го потврди нападот и соопшти дека нејзини членови и цивили се убиени и ранети. Точниот број на жртви не беше наведен.

Гардијата изјави дека нападот ќе доведе до „казнување на агресорите“, најавувајќи одговор на акцијата на САД.
Потоа Иран возврати со ракетен и беспилотен напад врз американските воени бази во Јордан, објави Си-Ен-Ен.

 

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top